Претходна статија
Со пешачко - велосипедска патека ќе се развива туризмот во Центар Жупа
Следна статија
Со 15,2 милиони денари ќе се реконструира главната улица во Струга

Скопски „Бетон“ лани остварил профит од 30,8 милиони денари

Објавено на 15.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во 2018 година остварила добивка во висина од над 30,8 милиони денари од своето работење. Како што се наведува во Годишниот неревидиран извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза, оваа фирма лани ги зголемила остварените приходи за 3,6%. Вкупните приходи на скопски „Бетон“ се заокружени на 2.258.730.127 денари.

 

„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашен пазар“, се нагласува во образложението на „Бетон“ од Скопје кон објавениот финансиски извештај.

 

На страната на расходите, во 2018 година биле остварени 2.221.678.059 денари, односно нивно зголемување за 3,5% во однос на 2017 година. Компанијата „Бетон“ од Скопје во 2018 година инвестирала во основни средства за работење вкупно 13.872.636 денари.