Најавениот споменик на ајдутскиот војвода Петар Карпош денес беше поставен на предвиденото место, во близина на Камениот мост. Споменичната скулптура е изработена од бронза и според авторот, Војдан Запров, на нејзе се работело вкупно две години. За овој споменик Општина Центар од Владата на Република Македонија доби 540.000 евра.