Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на охридската болница „Св. Еразмо“
Следна статија
Со пари од ЕУ ќе се реновираат дуќаните и калдрмата во Старата скопска чаршија

Државата ќе го преземе управувањето со плажите долж Охридското езеро

Објавено на 08.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По бројните реакции на екологистите за неконтролираното градење на крајбрежјето на Охридското езеро, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека пролетва државата ќе ги преземе ингеренциите за управување на плажите во Охрид и Струга. Ова би значело дека Министерството за транспорт и врски ќе ги доделува концесиите за издавање на плажите долж езерото, но и ќе контролира кој нелегално гради долж крајбрежјето. Овој чекор е клучен, бидејќи од УНЕСКО веќе во неколку наврати се заканија дека Охридското езеро и Охрид можат да се најдат на листата на светско културно и природно наследство што се наоѓа во опасност.

 

 

Државата во неколку наврати во изминативе години изработуваше идејни решенија за уредување на дел од плажите долж Охридското езеро, но изборот на концесионери оставаше да го вршат самите општини. Сепак, несанкционирањето на дивоградбите долж езерото доведоа до преземање на клучниот чекор од Министерството за транспорт и врски, кој се очекува да биде финализиран со претстојното гласање на најновиот Закон за градежно земјиште.