Претходна статија
Се реконструира охридскиот булевар „Туристичка“
Следна статија
За 5 месеци ќе се изработи идејниот проект за гасификација на Гостивар

Избрано идејно решение по кое ќе се гради новиот стадион во Кичево

Објавено на 06.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Идејното решение под шифра КАПКА, на група автори ја освои втората награда на неодамнешниот Конкурс за повеќенаменски спортски комплекс и фудбалски стадион „Велазерими“ во Кичево, во висина од 150.000 денари. Добитници  на третата награда и на 100.000 денари се архитектките од тимот под шифра МОДУЛ (Ирена Дамјаноска, Сања Аврамоска, Валбона Фејза и Аделина Фејза). Како што се објаснува во одлуката донесена од стручното жири, на Конкурсот не е избрано прво рангирано идејно решение.

 

*Наградениот конкурсен труд под шифра МОДУЛ (Ирена Дамјаноска, Сања Аврамоска, Валбона Фејза и Аделина Фејза)

 

Целокупниот спортски комплекс „Велазерими“ ќе се гради во населбата Загорје на површина од 38.166 метри квадратни. Фудбалската арена со капацитет од 7.000 гледачи е замислено да има покриен трибински простор, санитарни јазли, соблекувални, простор за радио и тв коментатори и сите други содржини што се неопходни за одржување на меѓународни фудбалски натпревари. Покрај стадионот, самиот спортско – рекреативен центар ќе има затворен базен, тениско игралиште, сала за гимнастика и други спортски содржини.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk