Скопската фирма „Чакар – партнерс“ е избрана за да ја изработи целосната проектна документација за идниот експресен пат од Битола до границата со Грција. Склучениот договор на крајот од февруари вклучува изработка на идеен проект, проект за инфраструктура и основен проект, кои ќе треба да се изработат најдоцна за 18 месеци, односно до крајот на јуни 2020 година. На тендерот, распишан во ноември 2018 година, биле доставени 5 понуди, при што избраната фирма доставила најниска цена и била избрана за најповолен понудувач од Јавното претпријатие за државни патишта.
Идниот експресен пат од Битола до државната граница со Грција ќе има должина од 20 километри, при што во самата траса е предвидено да влезе и изведбата на битолската обиколница. Проектот е дел од паневропскиот Коридор 10д, којшто би обезбедил побрза врска на југозападниот дел на земјава со автопатот „Егнатиа Одос“, односно со директна и брза патна врска со Јонското море.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk