Покрај обновата на главната сообраќајница во Ѓорче Петров, Градот Скопје планира да ја реконструира и улицата Борис Сарафов. Со актуелниот проект се предвидува изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на трасата од оваа сообраќајница, по што ќе се постави нов асфалт долж девастираниот дел во населбата Ѓорче Петров – 2. Од градскиот буџет за изведба на проектот е предвидено да се издвојат над 40 милиони денари, со вклучен ДДВ.
Рокот за изведба на улицата Борис Сарафов е 90 дена. Сепак, локалната самоуправа најпрво ќе треба да ја пронајде градежната компанија што ќе го изведува проектот, за што е објавен тендер што ќе трае до 20 март. Основниот проект за изведба на санациониот зафат е изработен од „Еуро Роад Дизајн Груп“ од Скопје. Обновата на улицата Борис Сарафов ќе овозможи растеретување на сообраќајот на главната сообраќајница во населбата Ѓорче Петров.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk