Претходна статија
За 5,9% се зголемиле трошоците за изградба на објекти за индивидуално домување
Следна статија
Градот Скопје ќе го оживува Калето, допрва ќе објаснува што со трите изградени музеи

Годинава ќе се обнови коловозот на улицата Ѓорче Петров до излезот од Скопје

Објавено на 28.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје годинава планира да ја реализира втората фаза од реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров. Скопските власти денеска го распишаа тендерот за избор на изведувач, којшто ќе постави нов асфалт на потегот од постојната општинска зграда на Ѓорче Петров до бензинската пумпа на „Макпетрол“ на излезот од Скопје. Градежниот зафат е проценето дека ќе чини околу 62 милиони денари, при што идниот изведувач ќе добие околу 60 дена за да ги реализира предвидените активности на терен.

 

 

До 21 март ќе се прибираат понудите од градежните компании за учество на распишаниот тендер, по што би се избрал најповолниот понудувач. За претстојната реконструкција на главната сообраќајница во општина Ѓорче Петров е изработен основен проект од скопската фирма „Еуро Роад Дизајн Груп“. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров следува откако во 2016 година беше обновен коловозот на потегот од „СП Планет“ до општинската зграда во должина од 1.245 метри.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk