Претходна статија
Уставниот суд собори одредби од Законот за градење и од Законот за просторно и урбанистичко планирање
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Поставен споменикот на Карпош

Зголемен интерес за инвестирање во недвижности во Југоисточна Eвропа

Објавено на 03.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Инвеститорите се многу заинтересирани за вложувања во недвижности во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), кој има голем потенцијал и нуди значителен поврат на капиталот. За ова зборува интересот на огромен број на компании од Македонија и од регионот за учество на REAL EX Скопје 2011 – прв Саем за недвижности и инвестиции.


Вложувањата во недвижностите во Европа, а особено во регионот на Југоисточна Европа во изминатата година бележат голем раст. Прометот на пазарот на недвижности во централна и источна Европа, според компанијата CB Richard Ellis лани во однос на 2009 година, пораснал за дури 90 отсто на пет милијарди евра.


„Пазарот на недвижности излезе од криза и сега е подготвен за нови вложувања, продолжување на стопираните и започнување на нови резиденцијални, комерцијални, деловни, административни и туристички проекти. Токму нашата бизнис платформа REAL EX, нуди одлична можност за развој и инвестирање како и за директно зголемување на продажбата на недвижности “, изјави директорот на Леорон за ЈИЕ Игор Чучков.


REAL EX во организација на Леорон груп од Дубаи, компанија специјализирана за креирање, организација и маркетинг на бизнис евенти, се одржува  од 1 до 5-ти Март 2011 во Метрополис Арена на Скопски Саем паралелно со Саемот за градежништво.


Саемот REAL EX Скопје 2011, кој ќе биде традиционален настан, опфаќа петдневен изложбено продажен дел, на кој на едно место ќе се најдат продавачи и купувачи на недвижности, но и потенцијални инвеститори и банки како и агенции за недвижности, општини и архитектонски и дизајнерски студија, Презентирајќи ги своите проекти и објекти пред широка публика изложувачите значително ја зголемуваат директната продажба, како и можностите за продажба го скратуваат времето на враќање на инвестициите, а истовремено имаат неповторлива можност да остварат средби и да контактираат со лидерите на пазарот за недвижности во регионот, со експерти, како и со голем број на клиенти, партнери и потенцијални инвеститори.


Во рамките на REAL EX Скопје 2011 се одржува и дводневна Конференција за недвижности и инвестиции, на која педесетина експерти од Европа, Обединетите арапски емирати и Соединетите американски држави ќе дебатираат за современите трендови и иновации во секторот на недвижности.


Стручно жири ќе ги избира најдобрите проекти и компании, на кои на гала вечера во скопскиот хотел Александар Палас ќе им бидат доделени Real Estate 2011 награди.