Претходна статија
Тендерот за набавка на нови автобуси за ЈСП ќе се објави во март
Следна статија
Наместо „зелен кров“, ГТЦ да се заштити како национално културно наследство

На крајбрежјето во Струга турбо се градат плажи

Објавено на 22.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ предупредуваат дека на парцели помеѓу Струга и Калишта, на брегот на Охридското езеро, се уништува вегетацијата и се изведуваат градежни работи. Тие посочуваат дека делови од крајбрежјето се тампонираат, се поставуваат бетонски огради, се пали трска и друга вегетација во езерото, а на одредени локации се депонира и градежен шут.

 

*Извор на фотографија: Охрид СОС

 

„Максимално се користи секој момент, имајќи ја предвид најавата на Владата дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво. Не се знае кој узурпира, кој гради“, велат од „Охрид СОС“ во испратеното соопштение до медиумите. Реакциите на граѓанските активисти доаѓаат само неколку дена откако трската на овој потег од Охридското езеро беше запалена. Од „Охрид СОС“ ги потсетуваат и владата и општинските власти од Струга дека Македонија треба да ги исполни своите обврски кон УНЕСКО, особено доколку не сака Охрид и Охридското езеро да се најдат на листата на загрозено светско наследство.