Претходна статија
Општина Карпош ќе изготви идеен проект за обнова на спортската сала „Партизан“
Следна статија
Тендерот за набавка на нови автобуси за ЈСП ќе се објави во март

Во Штип се изведува втората фаза од обиколницата на градот

Објавено на 21.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Штип забрзано работи на изведба на втората фаза од обиколницата на градот. Штипскиот градоначалник Благој Бочварски изврши увид во градежните работи во населбата Пребег. Во моментов се работи на сегментот помеѓу улиците Гоце Делчев и Алумина, каде што е предвидено да се гради нов кружен тек. Реализацијата на втората етапа од овој проект е во средна фаза од нејзината изведба и истата треба да биде завршена во претстојниве месеци. Од општинскиот буџет за овој градежен зафат се издвоени 10,5 милиони денари.

 

*Извор на фотографија: Општина Штип

 

Проектот за изградба на штипската обиколница започна да се изведува во 2017 година, а досега е завршена првичната фаза од оваа сообраќајница. Неговата реализација ќе овозможи нова патна врска меѓу периферните штипски населби и тамошната индустриска зона преку пробивање на сообраќајница и изведба на мост на реката Брегалница.