Претходна статија
Уште 7 дена до Share Skopje 2019, најавена импресивна листа на говорници
Следна статија
Градежништвото лани во слободен пад и на странските пазари

Ѓубре од автобуси сообраќа низ македонските патишта

Објавено на 15.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Над половина од автобусите што сообраќаат низ македонските патишта се произведени пред 2002 година. И покрај тоа што редовно се регистрираат и се одржуваат, дури 1.910 од 3.188 возила за организирање на автобускиот превоз во Македонија се постари од 15 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ваквите податоци за годините наназад посочуваат дека нови автобуси во земјава најчесто се купуваат за потребите на ЈСП – Скопје за одржување на градскиот превоз, а во другите случаи се набавуваат половни возила стари десетици години од странски земји.

 

 

Идентично како и Државниот завод за статистика, податоците на Царинската управа на Р.М. предупредуваат дека огромен дел од увезените автобуси во Македонија се половни. Во 2018 година биле увезени вкупно 215 автобуси и минибуси, од кои само 7 се купени на ново од производителите на ваков вид возила. Откога ќе се поминат сите царински процедури, овие превозни средства се вклучуваат во редовен сообраќај на градските, приградските и меѓуградските линии низ земјава.

 

За разлика од европските земји, каде што железничкиот и автобускиот сообраќај се конкурентни еден на друг, во Македонија најголем дел од патниот превоз се одвива токму со автобуси. Овие превозни средства минуваат по стотици километри дневно на патиштата. Во однос на официјалните бројки на Државниот завод за статистика, симптоматично е што увозот на половни автобуси во земјава воопшто го нема модернизирано возниот парк на автотранспортните претпријатија. Па така, просечната старост на автобусите во 2003 година изнесувала 18,7 години, додека пред две години таа изнесувала 18,1 години.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk