Македонскиот градежен сектор лани остварил негативни резултати од своето работење на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 1.282.970 илјади денари, што е за 36,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Ваквиот негативен биланс се должи на огромниот пад на склучени зделки на босанскиот пазар, којшто и во 2018 година останал најважна земја во која нашите градежници изведувале проекти.
Намалување е забележано и кај остварените градежни работи во 2018 година. Оперативата од Македонија лани извршила проекти во вредност од 1.280.950 илјади денари, што е за 6,5% помалку во споредба со идентичниот период од 2017 година. Во истиот период регистриран е зголемен обем на извршените градежни активности во Германија, Холандија и Србија.