Претходна статија
Kлиничкиот центар во Скопје ќе се гради во Ѓорче Петров
Следна статија
ВМРО-ДПМНЕ: Има ли власта финансиски и урбанистички план за новиот Клинички центар?

20 милиони денари за субвенции за набавка на инвертер клима уреди во Скопје

Објавено на 07.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје за првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. „За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

Покрај за инвертер клима уреди, градските власти веќе распишаа повик за доделување на субвенции за печки за греење на пелети. Како што појасни градоначалникот Шилегов, целта е да се заменат досегашните грејни тела во скопските домаќинства со далеку поевтини и поеколошки современи уреди за затоплување. За надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди се определени 20 милиони денари од годинешниов буџет на Град Скопје. Оваа мерка за намалување на загадувањето на воздухот ќе има големо значење до отпочнувањето на процесот за гасификација на македонскиот главен град.