Претходна статија
Македонците во иднина ќе можат полесно да вложуваат во недвижности во странство
Следна статија
Професорот по геотехника Милорад Јовановски добитник на почесен златен медал за заслуги во Австрија

Со средства од Светската банка ќе се санираат 8 црни точки на македонските патишта

Објавено на 06.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта планира да ја подобри безбедноста на македонската патна мрежа преку санирање на 8 црни точки. Распишан е тендер за избор на компанија што ќе ги спроведе активностите за подобрување на безбедноста на постојните црни точки на државните патишта Велес – Петровец, Струмица – граница со Бугарија, Куманово – Ругинце и на регионалните патни правци Охрид – Свети Наум, Струга – Дебар кај селото Враништа, превој Барбарос – Македонски Брод – Кичево, Жировница – Дебар – граница со Албанија и Прилеп – Крушево – Сладуево.

 

*Тесниот пат Охрид – Свети Наум е една од посочените црни точки со најмногу сообраќајни незгоди 

 

Градежните работи за подобрување на 8 – те црни точки на македонските патишта се очекува да започнат кон крајот на претстојната пролет. Заинтересираните компании за учество во тендерската постапка имаат рок до 25 март за да ги достават своите понуди, по што ЈП за државни патишта ќе го избере изведувачот на планираните активности. За спроведувањето на конкретните мерки за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај се обезбедени средства од Светската банка.