Претходна статија
Македонија ја отпочнува дигитализацијата на градежништвото
Следна статија
Францускиот амбасадор ќе ја посети салата „Партизан“ - објект дониран од Франција по земјотресот

Со државни средства годинава ќе се градат 11 нови детски градинки

Објавено на 04.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Вкупно 11 нови детски градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката Мила Царовска денеска ги потпиша договорите со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изведбата на објектите. Како што информираат од владината прес-служба, годинава ќе отпочне изградбата на две детски градинки во скопската општина Гази Баба, а вакви зданија е предвидено да се подигнат и во општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија и Штип.

 

 

Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што постојат средства за оваа намена во државниот буџет, но и заем од 15 милиони евра од Светската банка. Таа напомена дека буџетот за изградба на ваков тип објекти за годинава е зголемен за 300%. Министерството за труд и социјална политика во изминативе една и пол година учествуваше во изградбата на вкупно 24 градинки, при што поголемиот дел од нив се веќе ставени во функција.