Претходна статија
ЈП за државни патишта ќе воведе систем за управување со мостовите
Следна статија
Македонски пошти во потрага по идеен проект за обнова на „Пошта - 2“

Општинската зграда во Кавадарци ќе се надоградува по проект на „К2 архитекти“

Објавено на 29.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопското архитектонско биро „К2 архитекти“ е победник на Конкурсот за избор на идејно решение за надградба на општинскат зграда во Кавадарци. Локалните власти го избраа нивниот проект во конкуренција на два пристигнати конкурсни труда. Авторите на победничкото идејно решение ќе се стекнат со првата награда во износ од 120.000 денари. Архитектонскиот конкурс беше распишан кон крајот на октомври минатата година.

 

 

Препознатливото административен објект во центарот на Кавадарци во иднина треба да добие уште еден кат, а во чии рамки ќе се сместат кабинетот на градоначалникот, сала за состаноци и канцелариски простор за 100 вработени. Третото надземно ниво ќе се вклопи во сегашниот надворешен изглед, а ќе се зачуваат и карактеристиките на постојната фасада на општинската зграда.