Претходна статија
Карпош работи на подготовки за реконструкција на салата „Партизан“
Следна статија
Нови автобуси за ЈСП-Скопје најдоцна за една година

Напролет реконструкција на улицата „Димитрија Чуповски“

Објавено на 28.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје денеска објави тендерска постапка за избор на изведувач што ќе ја реконструира улицата „Димитрија Чуповски“, на потегот од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсницата со булевар „ВМРО“. Проектот ќе опфати санација на коловозот на оваа прометна скопска сообраќајница, за што е проценето дека ќе се потрошат над 6 милиони денари од градскиот буџет. Изведувачот ќе треба да обезбеди гаранција за квалитет за извршената реконструкција со рок на важност од најмалку 3 години.

 

*Реконструкцијата на улицата „Димитрије Чуповски“ ќе се одвива на потегот од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“

 

Како што се наведува во објавениот оглас, градската власт планира да ги отвори доставените понуди од компаниите на 18 февруари. Рокот за изведба на планираната реконструкција е 45 дена. Доколку успешно се реализира тендерската постапка, напролет ќе се реализира реконструкцијата на улицата „Димитрија Чуповски“.