Претходна статија
„ИН-ПУМА“ ќе го изготвува новиот ГУП за Штип
Следна статија
Владата со 2 милиони евра ќе го намалува аерозагадувањето во градовите

Отпочна процедурата за прогласување на Јабланица за национален парк

Објавено на 23.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По шест децении пауза, македонските власти конечно се одлучија да ја зголемат бројката на национални паркови. Владата на вчерашната седница ја поддржа иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Како што информираат од владината прес – служба, првиот чекор за реализација на ваквата идеја е изработка на Студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на оваа планина што се протега на самата граница меѓу Македонија и Албанија. По изработката на документот, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја започне Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

*Вевчанските извори во иднина би постанале составен дел од Националниот парк „Јабланица“

 

Од владата нагласуваат дека идејата за прогласување на Јабланица за национален парк е поднесена од невладините организации и од месните заедници, а истата е веќе прифатена и од градоначалниците на Струга и Вевчани. Богатиот биодиверзитет, богатството на чиста и питка вода за пиење и можностите за развој на еколошкиот туризам се главните предности што би можеле да бидат обезбедени со најновиот чекор што го презеде македонската влада.

 

Јабланица се наоѓа на само 15 километри од Охридското езеро како главен туристички центар на Македонија, што ќе овозможи збогатување на туристичката понуда на регионот. Македонските државни власти доцнат повеќе од една деценија во повлекувањето на ваквиот потег, бидејќи Република Албанија уште во 2008 година ја прогласи нејзината територија од Јабланица за национален парк „Шебеник – Јабланица“. Албанските власти веќе утврдиле дека на територијата на овој национален парк живее балканскиот рис.