Претходна статија
Клиничката болница во Штип ќе биде завршена до средината на 2020 година
Следна статија
Тетово со потпорни ѕидови ќе се штити од идни поплави од Шара

Градежниците со позитивни оценки за развојот на нивниот сектор

Објавено на 18.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По укажаните замерки во првото полугодие од 2018 година, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото на крајот од минатата година излегоа со позитивни оценки за најновите придвижувања во нивниот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2018 година е повисок за 0.2 процентни поени во однос на претходниот квартал, а е повисок за 0.3 процентни поени во однос на идентичниот период од претходната година.

 

 

Очекувањата за вкупните порачки за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје, но градежниците истовремено сметаат дека бројот на вработени во претстојниот период ќе се намали. Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2018 година е понеповолна во споредба со претходните три месеци, а е поповолна во однос на истиот период од 2017 година. Сегашната состојба со порачки за работа на компаниите и оценката за нивната финансиска состојба се поповолни во однос на периодот јули-септември 2018 година.

 

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 20,9%, зголемени трошоци за материјали со 20,6%, неповолни временски услови со 13,6% и конкуренција во сопствениот сектор со 11,8%.