Претходна статија
Стартува проектот за изведба на фотоволтаични системи во 35 општини низ земјава
Следна статија
Ќе се помрдне ли проектот за реконструкција на „Езеро Треска“?

Градот Скопје го презентираше Зелениот катастар

Објавено на 15.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје во соработка со УНДП влезе во напредна фаза од реализацијата на активностите за воспоставување Зелен катастар на јавните зелени површини во градот, односно досега се попишани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градското зеленило. Градските власти денеска ја организираа презентацијата на овој проект, чија основна цел е заштита на животната средина, подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност преку собирање и анализа на просторни податоци за зеленилото.

 

 

„Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површината под зеленило се предизвици на кои градската администрација во последнава година им посветува големо внимание“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Зелениот катастар треба да обезбеди прецизни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, подобро планирање во насока на зачувување на постојното зеленило и поквалитетно одржување.

 

Досега се реализирани активности за геодетско снимање на зелените површини и дрвјата, грмушките и парковската инфраструктура. Изработена е и ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на град Скопје. Реализирана е и инвентаризација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Во следните фази е предвидено снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје.

 

Градските власти во наредниот период ќе работат на подигање нови зелени површини, но и на заштита на постојното зеленило во Скопје низ соработка со Шумарскиот факултет.