Претходна статија
Ланскиот ноември со двојно зголемен број на предвидени станови за градење
Следна статија
Автопатот Скопје - Блаце ќе биде изграден во рок од три години

На 19 февруари ќе се одржи „Share Skopje 2019“ во Македонска филхармонија

Објавено на 11.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Меѓународниот форум за архитектура и инженерство „Share Skopje 2019“ ќе се одржи на 19 февруари во објектот на Македонската филхармонија во Скопје. Програмата вклучува серија на настани, вклучувајќи дебати на актуелни локални теми, претставување на победнички архитектонски проекти на автори, изложба на иновативни архитектонски решенија, производи и услуги, вмрежување на домашни и странски архитекти и серија на пропратни настани. Станува збор за втор настан од ваков вид што се одржува во нашата земја, земајќи го в предвид фактот дека ваков форум веќе се одржа во Скопје пред две години.

 

 

Овогодинешниот настан во Скопје се одржува во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Share форумите низ земјите од средниот и источниот дел на Европа се организираат од PRO Event Association, при што форумот во Скопје е само еден од единаесетте вакви манифестации што годинава ќе се одржат и во Атина, Букурешт, Варшава, Рига, Софија, Белград, Будимпешта, Љубљана и Тирана.