Претходна статија
Прилепчани и наредните месеци ќе се возат во старите градски автобуси
Следна статија
Скопје годинава ќе потроши 186,2 милиони денари за заштита на животната средина

Во Скопје ќе се имплементира систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град

Објавено на 08.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската градска власт планира да набави и имплементира систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град. Платформата за дигитален град ќе овозможи собирање, пренос и обработка на податоци за разни важни прашања за функционирањето на главниот град, вклучувајќи го паметното осветлување, паркингот, системот за мониторинг на квалитетот на воздухот, паметното мерење на потрошувачката на вода и други функции што ќе бидат распределени во пет системи и еден градски портал за IoT. Како составел дел од ваквата платформа, токму имплементирањето на паметното осветлување е наведено како проект што треба да се реализира во рамките на платформата за дигитален град.

 

 

Градот со претстојниот тендер сака да набави и инсталира 9.286 ЛЕД светилки, со кои би се обезбедила заштеда на потрошувачката на енергија до 70% во однос на постоечкиот систем. Спроведувањето на системот за паметно осветлување би го спровела компанија, која што би била задолжена и за воспоставување на платформата за дигитален град. Целокупниот проект е тежок 340 милиони денари, без вклучен ДДВ. Градската власт планира да ги обезбеди финансиските средства од своите буџети за наредните четири години. Тендерската постапка треба допрва да се објави, при што компаниите во моментов имаат можност до 21 јануари да ги достават своите предлози и коментари во врска со претстојниот тендер на Град Скопје, се нагласува во објавената покана за учество во спроведувањето на техничкиот дијалог.