Претходна статија
15 парцели за изградба на фабрики, викендици и хотел се продаваат во Велес
Следна статија
Четири македонски проекти во конкуренција за европската награда „Мис ван дер Рое“

Догодина нов обид за подготовка на проектот за обиколница околу Ресен

Објавено на 27.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако пропадна овогодишниот тендер, ЈП за државни патишта повторно ќе се обиде догодина да ја изработи проектната документација за изградба на обиколница на државниот пат А3 околу Ресен. Проектантот ќе добие рок од 18 месеци од потпишувањето на договорот за да ги подготви идејниот проект, инфраструктурниот проект и основниот проект за реализацијата на обиколен пат, кој ќе овозможи транзитните возила во иднина да не влегуваат во самиот град. Проектот за обиколница околу Ресен е проценето дека ќе чини околу 23,5 милиони денари, а веќе кон средината на март 2019 година ќе се знае компанијата што ќе ги изврши проектантските услуги.

 

 

Доколку се реализира целокупната постапка во планираниот рок, тогаш сите предуслови за изградба на обиколниот пат ќе бидат завршени во втората половина од 2020 година. Во меѓувреме, македонската влада ќе треба да ја започне потрагата по финансиски средства за изведба на инфраструктурниот зафат. Остварувањето на долговетуваниот проект пред ресенчани ќе овозможи растеретување на сообраќајниот метеж во градот, како и побрз транспорт на патници и стока на патот помеѓу Охрид и Битола.