Претходна статија
Само една компанија поднела барање за закуп на земјиштето во скопската железарница
Следна статија
15 парцели за изградба на фабрики, викендици и хотел се продаваат во Велес

По три години пауза, Град Скопје повторно ја актуелизира идејата за изградба на трамвај

Објавено на 26.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов сака да се испроба во реализацијата на проектот за изградба на трамвај во македонскиот главен град. Градоначалникот во изјава за порталот СДК.МК вели дека Загрепски електричен трамвај (ЗЕТ) годинава изготвиле сообраќајна студија со техничко решение за овој проект, а проценките се дека првата трамвајска линија би го чинела буџетот од 130 до 150 милиони евра. За разлика од неговиот претходник, градоначалникот Шилегов нема да трага по приватен партнер при реализацијата на овој проект. Тој очекува од европските институции да го поддржат проектот или, пак, владата да одвои средства за оваа намена.

 

 

Трамвајската линија 1 би ја опфатила трасата меѓу населбите Ново Лисиче и Ѓорче Петров, чија вкупна должина би изнесувала 12,1 километри. Трамвајското депо би се градело на територијата на општина Аеродром. Градот Скопје во периодот до 2015 година во неколку наврати распишување огласи за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реализација проектот, кој предвидуваше приватната компанија да набави и најмалку 22 трамвајски возила за одржување на првичната трамвајска линија. Сепак, и по бројните студии и спроведени тендери, Градот Скопје во март 2015 година ја стави во мирување идејата за остварување на овој проект.