Претходна статија
Презентирани идејните решенија за две нови детски градинки во Бутел
Следна статија
Магистралните гасоводи ќе бидат пуштени во употреба во 2019 и 2020 година

Велес изработи проект за нов објект на библиотеката

Објавено на 22.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Велешкиот градоначалник Аце Коцевски вчера информираше дека успешно е реализиран Конкурсот за избор на идеен проект за новиот објект на градската библиотека. Автори на наградениот труд се архитектите Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски, а соработник на проектот е Марија Петрова. „Комисијата едногласно го избра првонаградениот труд“, изјави градоначалникот Аце Коцевски. Тој појасни дека во следната фаза ќе се изработи основен проект.

 

Извор на визуелизација: Општина Велес

 

Библиотеката во Велес е предвидено да биде современ, репрезентативен објект кој истовремено ќе функционира како библиотека и медиотека, со можност за организација и на бројни едукативни и културни содржини. Локацијата за градба е во Младинскиот парк на местото на постоечката барака што ја користат фолклорните друштва, за што е вметната соодветна маркичка во актуелниот ДУП за оваа локација.