Претходна статија
Oбезбедени средства за втората фаза од изградбата на ветропаркот „Богданци“
Следна статија
Започна проектирањето на идниот булевар „Македонско Косовска бригада“

Во Штип напролет ќе може да потечат првите количества природен гас

Објавено на 14.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектантското биро „Простор“ од Куманово ќе го изработи инфраструктурниот проект за изградба на секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа во Штип. Со овој документ до претстојната пролет ќе се комплетира целокупната постапка пред официјалното започнување на изведбата на штипската гасоводна мрежа со предвидена должина од 20 километри. Идентичната компанија веќе работи на довршување на идејниот и основниот проект за гасификацијата на Штип, со што целосно ќе се обезбеди проектната документација.

 

Во меѓувреме, општинарите изминатава есен извршија анкетирање на штипските бизнисмени во однос на нивниот интерес за приклучување на стопанските капацитети кон гасоводната мрежа. Доколку се заврши инфраструктурниот проект во првите месеци од 2019 година, општина Штип ќе може веднаш да пристапи кон изведување на градежни работи за првите километри од секундарната дистрибутивна мрежа. Целокупната проектна документација за гасификацијата на Штип досега го чини општинскиот буџет околу 3 милиони денари.

 

Штип има сопствен приклучок со главна мерно – регулациска станица кон новоизградениот магистрален гасовод, со што се создадени предуслови за дотекување на првите количества гас преку дистрибутивната мрежа што допрва ќе се гради.