Претходна статија
Со 28,5 милиони евра ќе се гради втората фаза од хидросистемот „Лисиче“
Следна статија
Исцрпени субвенциите за печки на пелети на Министерството за економија

Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија

Објавено на 12.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски вечерва ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија. Станува збор за текстот „Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија“, кој беше избран за најдобар во конкуренција на 49 поднесени трудови на Конкурсот. Наградата му ја врачи почесниот претседател на жирото за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

 

Фото: Александра Стојановска

 

Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија, додека наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Александар Ристовски. Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа доделени на темата „Градење доверба во несигурни времиња“. Наградата за најдобра аматерска фотографија беше на темата „Нашата различност, наша сила“.

 

Наградата „Жан Моне“ се доделува по 16 – ти пат од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, во партнерство со Советот за етика во медиумите.