Претходна статија
Сезонава ќе се скија на вештачки снег во Маврово
Следна статија
Нови 1.591 станови започнале да се градат во текот на октомври

Научно – технолошки парк догодина ќе се отвори во Скопје

Објавено на 11.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Првата фаза од отворањето на научно – технолошки парк во Скопје ќе биде готова до крајот на 2019 година. Според предлог концептот, тој ќе биде сместен во комплексот технички факултети на УКИМ во населбата Карпош 2. Како носител на проектот се јавува Фондот за иновации и технолошки развој, кој денеска го презентираше Нацрт предлогот за основање на научно – технолошки парк во Скопје. По завршувањето на првата фаза, во втората етапа е предвидено негово проширување во следните пет години со изградба на нови капацитети и лаборатории.

 

*Извор на фотографија: Фонд за иновации и технолошки развој

 

„Среќен сум што имаме не само презентација на физибилити студија која што ја финансираше и Европската унија, туку за разлика од други проекти или стратегии, веќе се обезбедени и целосни финансиски средства и целосна конструкција за тој да стане реалност“ изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Научно – технолошкиот парк во Скопје ќе биде раководен од универзитетот.

 

Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, концептот се заснова на три столба, и тоа дигитализација во економијата, општеството и државните институции; трансфер на технологии; и акцелерација на старт – ап компании и нивна интеграција во паркот. Предложениот концепт за научно – технолошкиот парк во Скопје се изготвува од меѓународната консултантска куќа „ДАИ“, како и претставници на делегацијата на Европската унија во Македонија.