Претходна статија
Партијата на зелените разочарана од буџетот за животна средина за 2019 година
Следна статија
Сезонава ќе се скија на вештачки снег во Маврово

Годинава нема да се одржи Големата годишна награда на ААМ

Објавено на 11.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) годинава нема да се одржи, бидејќи во предвидениот рок бил пријавен само еден објект. Како што пренесува „Порта 3“, ваквата одлука на ААМ доаѓа по исклучително малиот интерес за пријавување на архитектите чии дела биле реализани во изминатиов период. Од ААМ се надеваат дека во иднина ќе се збогати продукцијата на квалитетно изградени објекти на територијата на Република Македонија, по што и самите архитекти ќе одлучат да се пријават на јавниот повик за оваа награда.

 

 

Традиционалниот настан годинава требаше да се одржи по 24-ти пат од неговото основање. Поради малиот број на пријавени дела, Големата годишна награда на ААМ за прв пат воопшто нема да се одржи. Самата манифестација се организира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, спонзорирана е од Македонската авторска агенција и е поддржана од Министерството за култура на Р.М. За последен пат оваа награда беше доделена лани на архитектот Александар Карангелов.