Претходна статија
Заврши изградбата на канализацијата во периферните делови на Ѓорче Петров
Следна статија
Скопските училишта ќе користат еколошки горива за греење

Забрзано се гради автопатот Кичево – Охрид

Објавено на 06.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Околу 55% од севкупните работи за изградба на автопатот Кичево – Охрид досега се завршени, при што градежните работи на терен се одвиваат со засилено темпо. Овие информации денеска ги сподели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој беше во посета на Кичево. Со двата потпишани анекси на договорот за изградба на автопатот се надминати сите проблеми околу реализацијата на овој проект до новоопределениот рок – јуни 2021 година. Покрај тоа што забрзано се гради веќе започнатата траса, во најскоро време треба да почне изградбата на новите 9 клучки на автопатската делница, како и алтернативниот пат од Пресека до Арбиново.

 

 

За реализација на дополнителните инфраструктурни зафати на проектот, како и за зголемениот обем на работа во однос на довршувањето на тунелот „Пресека“, од кинеската „Ексим банка“ ќе се обезбедат дополнителни 187 милиони евра. Владата пред неколку месеци ги одмрзна и веќе подигнатите средства за изградба на автопатот, што резултираше со сериозно интензивирање на градежните активности.

 

Во согласност со предвидената динамика на градење, дел од автопатската делница во должина од 57 километри ќе се пушти во употреба и пред 2021 година, во зависност од комплетирањето на градежните работи на одделни сегменти од трасата. Автопатот вреден речиси 600 милиони евра започна да се гради во февруари 2014 година од страна на кинескиот изведувач „Синохидро“.