Архитектонските студија „БХ Архитектс“ од Тетово и „Монтинпекс – инженеринг“ од Скопје се стекнаа со награди за изработените идејни решенија за изградба на две детски градинки во скопската општина Бутел. Новата детска градинка „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел ќе се гради врз основа на изработениот архитектонски труд на „БХ Архитектс“. Станува збор за образовно здание со можност за вклопување на базен во рамки на градинката, која ќе има капацитет да прими 75 деца. На архитектонскиот Конкурс биле доставени два конкурсни труда, се наведува во информациите објавени на Електронскиот систем за јавни набавки.
Доградбата на постојниот објект од градинката „11 Октомври“ во населбата Бутел – 2 ќе се реализира според идејното решение изготвено од архитектите на „Монтинпекс – инженеринг“. Нивното студио било и единственото што доставило проект на распишаниот повик до архитектите. Оваа детска градинка во иднина би добила проширени простории за сместување на дополнителни 50 деца. Двата архитектонски конкурса беа публикувани на почетокот од октомври годинава.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk