Претходна статија
Ќе се реконструира „Школка“ во скопскиот Градски парк
Следна статија
Партијата на зелените бара „Рекорд“ да прерасне во пешачка зона

На 7 декември предавање и проекција на филмот „Промена на идеалите, ре-креирање на слободните простори“

Објавено на 04.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Музејот на современа уметност на 7 декември, со почеток од 19 часот, ќе биде домаќин на предавањето и проекцијата на филмот „Промена на идеалите, ре-креирање на слободните простори“. Станува збор за вечер посветена на проектот Фрајраум, кој е инициран од Гете-институтот и кој по случаен избор одреди 19 тандеми што би формирале тим за да развијат нови идеи за „слободата“. Партнерите на двата Гете-институти од Скопје и Копенхаген – Контрапункт од Скопје и Фестивалот за архитектура во Копенхаген снимија филм во градот со кој се во тандем.

 

 

„Контрапункт“ го набљудува градот од перспективата на жителите на градот кои емигрирале од Македонија за да го следат прашањето на Данците: Како „градот“ може да стане односно остане место кое осигурува разновидност и соживот? Од друга страна, данскиот Фестивал за архитектура бара во Скопје одговори на прашањето како можностите за слободен живот во јавниот простор се формираат и се менуваат со текот на времето. Покрај двата кинематографски резултати, на вечерта посветена на проектот Фрајраум ќе се одржи предавање на Генералниот секретар на Гете-институтот Јоханес Еберт, по што ќе следи дискусија со Елена Велјановска од Контрапункт и Сигне Софи Богилд од Фестивалот за архитектура во Копенхаген. Претстојниот настан ќе се одржи во рамките на овогодинешниот КРИК-фестивал.