Природнонаучниот музеј на Македонија во наредните 10 – тина дена ќе биде домаќин на архитектонската изложба „Загрозени видови“. Насловот на изложбата, исто како и изборот на локацијата, симболично ја прикажува темата на поставката, која што го третира загрозеното модернистичко архитектонско наследство на Скопје.
Изложбата „Загрозени видови“ ќе биде отворена утре (30 ноември), со почеток од 20 часот. Привремената поставка на макети од најпознатите модернистички градби во Скопје ќе биде отворена за посетителите до 11 декември.