Претходна статија
Заврши изградбата на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче
Следна статија
Училиштата во Ѓорче Петров ќе го менуваат горивото за затоплување

Неготино во потрага по предлози за уредување на спортско – рекреативниот центар „Младост“

Објавено на 28.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Еден од најголемите спортско – рекреативни центри во Македонија во претстојниот период ќе биде предмет на обработка за негово натамошно уредување од страна на архитектите. Општина Неготино го објави Конкурсот за избор на идејно решение за уредување на спортско – рекреативниот центар „Младост“, кој опфаќа површина од 11,63 хектари. Од архитектите се бара во проектот да предвидат изведба на трим патеки, реквизити за вежбање, детско игралиште, фонтани, велосипедски патеки, површини за изградба на угостителски објекти, парк за домашни миленици, паркинг, како и да го вклучат поставувањето на водоводна и канализациона мрежа, урбана опрема и осветлување во нивното решение.

 

 

„Основна намена на овој простор е да добие функција на еден модерен градски спортски центар кој треба да биде место за спортување, играње и забава за најмладите, собиралиште на луѓето од градот заради спортски манифестации, шеталиште“ се наведува во распишаниот Конкурс. Селекцијата на поднесените конкурсни трудови ќе ја врши седумчлена комисија, која што ќе го избере најсоодветното идејно решение.

 

Првата архитектонска награда е во вредност од 60.000 денари, второнаградениот автор ќе добие 40.000 денари, додека третата награда е во износ од 20.000 денари. Поединечните автори и архитектонските бироа треба да ги достават своите идејни решенија до општина Неготино најдоцна до 8 јануари 2019 година.