Претходна статија
Театрите од внатрешноста догодина ќе стигнат на ред за реконструкција
Следна статија
До Пониква наскоро ќе се вози по реконструиран пат

Тетово догодина ќе биде спремно за почеток на гасификацијата

Објавено на 27.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Тетово во првото полугодие од 2019 година ќе ја комплетира проектната документација за почеток на гасификацијата на градот, со што ќе бидат создадени сите предуслови за реализацијата на овој капитален проект. Локалните власти во наредните два месеци ќе работат на изработка на проектот за инфраструктура за секундарната дистрибутивна мрежа, којшто временски ќе се работи паралелно со веќе започнатите со изготвување идеен и основен проект за првите 10 километри од гасоводот во Тетово.

 

 

*Тетово би можел да постане вториот македонски град што ќе има „виртуелен гасовод“

 

Целокупната проектна документација ќе го чини општинскиот буџет речиси 10 милиони денари. На неа веќе работат фирмите „Филбис“ и „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје. Општинските власти веќе најавија дека се подготвени да започнат со гасификацијата на градот, без разлика на фактот што доцни изградбата на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар. Секундарната гасоводна мрежа на самиот почеток би прераснала во „виртуелен гасовод“ по примерот на Струмица, која што подоцна би се приклучила на мерно – регулаторната станица, во моментот кога ќе се заврши магистралниот гасовод меѓу Скопје и Тетово.