Изложбата „Ревитализација на Античкиот театар во Охрид“ денеска беше отворена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за архитектонските проекти изработени од студентите на Архитектонскиот факултет при УКИМ, за чија работа работа говореше деканот Огнен Марина. Тој истакна дека на излагањето му претходел процес на добро истражување и едуцирање за Античкиот театар од страна на студентите.
*Извор на фотографија: Општина Охрид
„104 студенти имаат изработено 43 проекти на локацијата на Античкиот театар во Охрид. Се разбира фокусот на тој проект не е само самиот Антички театар кој е извонредно интересен како објект туку и неговата непосредна околина“ изјави Марина. На изложбата се поставени шесте најдобри проекти на студентите. Трудовите се изработени во рамки на предметот Ревитализација на градителското наследство под раководство на доц.д-р Ана Ивановска, проф.д-р Елизабета Касапова и соучество на проф.д-р Јован Ивановски.
Организатор на изложбата е Архитектонскиот факултет при УКИМ, со поддршка на општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“.