Претходна статија
До Нова Година ќе затруби возот од Битола кон Лерин
Следна статија
Субвенции за железницата догодина ќе има, возови за патниците нема

„Гранит“ за 10,5 милиони евра ќе рехабилитира 9 патишта низ земјава

Објавено на 22.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта ја избрало компанијата „Гранит“ од Скопје за проектирање и рехабилитација на девет патни правци низ земјава, во вкупна вредност од 10,5 милиони евра. Градежната оператива ќе ги санира патиштата Јурумлери – Драчево, Битола – Демир Хисар, Драчево – Орешани – Таор, Делчево – Звегор, Делчево – Пехчево и Берово – Виница. Рокот за изведба на градежните работи е 8 месеци, додека од буџетот на ЈП за државни патишта за оваа намена се издвоени над 413 милиони денари.

 

 

Како што информираат од „Гранит“ од Скопје, во наредните 12 месеци компанијата ќе работи и на проектирање и рехабилитација на патните правци Струмица – Ново Село, Кавадарци – Росоман и Фурка – Богданци – Гевгелија. Санацијата на коловозот на овие патишта ќе чини 228.024.140 денари.