Македонскиот архитект Дејан Ивановски на 21 ноември (среда), со почеток од 19:00 часот, ќе одржи предавање на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Предавањето со наслов „Обиди за архитектура и дизајн“ ќе се одржи на скверот на Архитектонскиот факултет. Настанот е во рамките на програмата „Практископ“ и е дел од серијалот на предвидени излагања на архитекти од практиката, кои е предвидено да се одржат во текот на зимскиот семестар.