Претходна статија
Предавање на Дејан Ивановски на Архитектонскиот факултет при УКИМ
Следна статија
2018 е промашена година за железничката пруга кон Бугарија

Скопските власти со низа мерки против аерозагадувањето

Објавено на 19.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Локалните власти од Скопје со низа мерки ќе се борат против загадувањето на воздухот во главниот град. Градот викендов почна со 3Д мапирање на критичните точки на аерозагадувањето. Некогашната депонија „Вардариште“ беше првата локација избрана за мапирање. Со ЗД мапирањето ќе се добива детална слика за тоа во кои делови од Скопје се пали отпад или постојат други извори на аерозагадување. „Инспекторатот на Град Скопје ќе добие прецизни податоци, со што полесно ќе може да ги извршува задачите. Убедени сме дека со вакви акции ќе ги елиминираме причинителите“ изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Како мерка во борба против аерозагадувањето, и општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзина територија. Повикот ќе трае до 3 декември и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. Општина Аеродром ќе покрие околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За овој проект се издвоени 500.000 денари од општинскиот буџет.

 

Паралелно со ваквите мерки на локалните власти, неколку невладини организации денеска информираа дека ќе ја тужат државата пред домашните и меѓународните судови поради аерозагадувањето. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“, „Новинари за човекови права“, „Зелен Институт“ и „РАДАР“ најавија петиција за нулта толеранција за аерозагадувањето во македонските градови.