Претходна статија
Владата во 2019 ќе одвои 98 милиони во борба против аерозагадувањето
Следна статија
Јапонците ја помагаат обновата и набавката на медицинска опрема за болниците

Догодина ќе се вози по реконструиран автопат меѓу Велес и Градско

Објавено на 14.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Забрзано се одвиваат градежните работи за санација на автопатската делница меѓу Велес и Градско. Овој сегмент од патниот Коридор 10 е долг 20 километри и на него ќе може да се вози по нов асфалт веќе во текот на следната година. Активностите за санација на коловозот на оваа делница следуваат веднаш по завршувањето на реконструктивниот зафат на автопатот меѓу Демир Капија и Неготино, чие комплетирање ќе биде одбележано кон крајот на неделава. Увид во изведбата на санацијата на автопатот Велес – Градско денеска извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

 

 

Со градежениот зафат е предвидено да се рехабилитира средната коловозна лента меѓу Велес и Градско во двата правци. Изведувач е градежната фирма „Ескаватори – МК“, а од буџетот на ЈП за државни патишта за овој проект се обезбедени 69,6 милиони денари. Со неговата реализација ќе се овозможи санирање на оштетените делови од коловозот на автопатот, за што беше потпишан договор со изведувачот на работите во 2017 година.