Претходна статија
495 станови одобрени за изградба од општините во текот на септември
Следна статија
Екологистите бараат да не се гради нова тешка и загадувачка индустрија во Гази Баба

По 5 години одлагање, во Штип ќе се работи на нов Генерален урбанистички план

Објавено на 12.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Наместо како што бил првично предвиден во 2013 година, Штип би добил нов Генерален урбанистички план (ГУП) во текот на следната година. Во таа насока, штипската локална самоуправа го објави огласот за изработка на Генерален урбанистички план за град Штип, со вклучена ревизија. Општинските власти предвидуваат проширување на опфатот на идниот ГУП, којшто би имал површина од 2.292 хектари. На тој начин, ќе се решат актуелните проблеми со изработката на деталните урбанистички планови за одредени делови од градот, а ќе се остави простор и за изведба на нови сообраќајни решенија и други инфраструктурни објекти.

 

 

*Идниот ГУП за Штип треба да опфати површина од 2.292 хектари

 

Планската програма за новиот ГУП за Штип била изработена уште во 2013 година и со неа се предвидува натамошен развој и проширување на градот кон неговите источни делови. Врз основа на изготвениот Извештај за стратегиска оценка на животната средина за новиот ГУП, во Штип и во наредниот период не е предвидено да се гради тешка и загадувачка индустрија. Општинските власти процениле дека услугите на планерите при изработката на ГУП – от ќе чинат над 5,5 милиони денари, кои ќе бидат обезбедени од локалниот буџет. Изборот на проектантско биро би се извршил на почетокот од декември, по што би следувал процесот на изготвување на најзначајната урбанистичко – планска документација.