Претходна статија
Пуштен во употреба реконструираниот „Северен булевар“ во Кавадарци
Следна статија
На 13 ноември промоција на „Скопје - Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Повик до компании за учество во изградба на повеќе-наменскиот комплекс „East Gate“ во Скопје

Објавено на 08.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Повеќе-наменскиот комплекс „East Gate“ ќе претставува спој на нов трговски центар, станбен комплекс и канцелариски простор во непосредна близина на централното подрачје на градот Скопје. Проектот го реализира Скопје Ист Гејт доо Скопје, подружница на „Balfin Group“ Тирана. Изградбата на Проектот е планирана во неколку фази.

 

Првата фаза опфаќа изградба на трговскиот центар со големина од околу 147.000 квадратни метри и четири станбени згради со околу 650 апартмани. Зацртаната временска рамка за комплетирање на првата фаза е 18 месеци, почнувајќи од март 2019 година.

 

За таа цел, Скопје Ист Гејт доо Скопје објавува јавен повик за претквалификација на компании кои се заинтересирани да учествуваат во изградбата како изведувачи или добавувачи на материјали и услуги.

 

Пријавувањето може да се направи на следниот линк https://enabavki.mk/

 

„Целта на овој процес е да се изврши проценка на техничкот, финансискиот и кадровскиот капацитет на потенцијалните учесници во процесот на претквалификација.” – велат од Скопје Ист Гејт.

 

Процесот на претквалификација ќе се состои од два одделни чекорa. Првиот чекор е доставување на сите потребни информации и документација на линкот https://enabavki.mk/. Вториот чекор ќе се состои од eвалуација на доставените документи и дополнително интервју со понудувачите. Понудувачите кои успешно ќе ја поминат претквалификацијата, ќе може да конкурираат за изградба на комплексот Скопје Ист Гејт или да бидат дел од него.