Претходна статија
Приватен партнер ќе го преземе јавното осветлување во Тетово
Следна статија
Пропадна тендерот за проект за изградба на обиколница околу Ресен

Пријавување за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2018 година

Објавено на 09.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) објави Јавен повик за доделување на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во Република Македонија за 2018 година. Право на учество имаат сите архитекти со завршено високо образование, при што учесниците што не се членови на ААМ за учество на оваа манифестација плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд. Заинтересираните автори најдоцна до 7 декември треба да ја достават неопходната документација до канцеларијата на ААМ, на улица „Даме Груев“ 14а Скопје, секој работен ден од 9 до 13 часот.

 

 

Петчлено жири ќе ги селектира и оценува пристигнатите трудови, врз чија оценка ќе се донесе и одлуката за избор на добитникот на Големата годишна награда на ААМ. Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија. Оваа награда традиционално се доделува во Музејот на град Скопје, кон крајот на месец декември.