Претходна статија
Градежништвото ги следи најновите стандарди за квалитетот на градбите
Следна статија
Пуштен во употреба реконструираниот „Северен булевар“ во Кавадарци

„Синтек“ ја заврши санацијата на оштетениот мост на пругата Велес – Гевгелија

Објавено на 07.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По едномесечниот застој, железничкиот сообраќај на Коридорот 10 вечерва ќе биде повторно воспоставен. Македонски железници – Инфраструктура успеа да го санира оштетениот мост меѓу станиците Градско и Кукуричани, со што се создадени услови за воспоставување на товарниот и на патничкиот транспорт меѓу Велес и Гевгелија. Градежните работи на терен беа реализирани од скопската фирма „Синтек Инженеринг“, со која МЖ – Инфраструктура склучила договор на 4 октомври, во вредност од 22 милиони денари, за итна санација на оштетениот мост, вклучувајќи ја и изработката на техничката документација за зафатот.

 

 

Со реализираните санациони активности се очекува Македонски железници – Транспорт уште вечерва да ги пушти во сообраќај предвидените товарни и патнички возови, кои се во прекин од 2 октомври годинава и кои предизвикаа директни загуби во работењето на претпријатието од десетици милиони денари.