Македонскиот архитект Пако Радовановиќ на 8 ноември (четврток), со почеток од 19 часот, ќе одржи предавање на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Предавањето со наслов „My Way“ ќе се одржи на скверот на Архитектонскиот факултет. Настанот е во рамките на програмата „Практископ“ и дел од серијалот на предвидени излагања на архитекти од практиката, кои е предвидено да се одржат во текот на зимскиот семестар.