Претходна статија
Изложба „Архитектите за европско Скопје“ на 5 ноември во МОБ
Следна статија
Речиси 600 милиони евра ќе чини автопатот Кичево - Охрид

Општина Гази Баба негира, нивниот оглас вели дека ќе се издава земјиште за тешка и загадувачка индустрија

Објавено на 02.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Гази Баба во соопштение за медиумите негира дека ќе се гради нова фабрика за тешка и загадувачка индустрија во рамките на скопската железарница. Во согласност со важечкиот ГУП со важност до 2021 година, предвидена е намената за тешка и загадувачка индустрија на оваа локација, но општинарите велат дека на парцелата ќе се градел објект со компатибилни класи на намена Г1, Г2, Г3 и Г4, односно објект за лесна и незагадувачка индустрија. Нова фабрика за тешка индустрија на територијата на општина Гази Баба немало да се гради.

 

 

Соопштението за медиуми од општина Гази Баба денеска не пристигна до порталот „Билд“. И покрај тоа што општинските власти тврдат дека нема да се гради тешка и загадувачка индустрија, во јавно достапниот оглас, распишан токму од општинските власти, се наведува дека 51% од намената на градежната парцела е токму со назнака Г1, односно тешка и незагадувачка индустрија. Воедно, треба да се напомене дека станува збор за посебна парцела 1.6 од целокупниот локалитет скопска железарница, што значи дека 51% од самата парцела со површина од 66.996 метри квадратни би можел да ја има намената за тешка и загадувачка индустрија. Актуелниот урбанистички план за скопската железарница е достапен на овој линк.

 

Порталот „Билд“ останува целосно отворен за општина Гази Баба во насока на детално објаснување на целокупната постапка од нивна страна, а во интерес на детално запознавање на скопската јавност за тоа што би можело да се гради во иднина во кругот на скопската железарница.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk