Претходна статија
Гасоводот на Водно повторно ги скара невладините и државата
Следна статија
Критична маса #78 утре ќе вози за усогласена визија за одржлив транспорт во Скопје

Во Струга ќе се реконструира главната улица „Маршал Тито“

Објавено на 30.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Струга денеска објави оглас за пронаоѓање изведувач за реконструкција на дел од главната улица „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со западно колекторска до крстосницата со магистралниот пат М2. Проектот вреден 15,3 милиони денари е предвидено да се реализира во рок од 90 дена од давањето налог за работа од општина Струга, но не подолго од 1 година од склучувањето на договорот со градежната компанија. Проектот опфаќа санација на улицата во должина од 645 метри, вклучувајќи изведба на атмосферска канализација, поставување на нов асфалт и улично осветлување.

 

*Од годинешната реконструкција на улицата „Маршал Тито“ кај Градскиот пазар

 

Заинтересираните градежни компании имаат рок до 19 ноември за да ги поднесат своите понуди за учество во тендерската постапка. Улицата „Маршал Тито“ е централната улица во градот, чија што траса почнува од општинската зграда, минува низ струшката чаршија и градскиот пазар, и води кон западниот излез на Струга.