Претходна статија
Предавање и работилница FORENSIC ARCHITECTURE: Unearthing State Violence во МСУ
Следна статија
Со физибити студија ќе се решава кој ќе инвестира во катна гаража во Охрид

Распишан тендер за изградба на водовод во индустриската зона Визбегово

Објавено на 26.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски денеска го објави тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради водоводната мрежа во скопската индустриска зона Визбегово. Долготрајното барање на стопанствениците од овој дел на Скопје ќе биде решено со изградба на шест делници од водоводни цевки со вкупна должина од 7.327 метри. Во инфраструктурниот зафат е проценето дека ќе бидат инвестирани околу 117 милиони денари од државниот буџет. Идниот изведувач ќе има временски период од 9 месеци за да ја заврши изградбата на водоводот, така што производствените капацитети од Визбегово би добиле вода во втората половина од 2019 година.

 

Градежните компании заинтересирани за учество на тендерот имаат рок до 15 ноември за да ги достават своите понуди до надлежното министерство. Главен критериум за избор на изведувач на работите е понудената најниска цена. Покрај реализацијата на водоводната мрежа, од Министерството за транспорт и врски се очекува во наредните недели да го објави и тендерот за изградба на канализационата мрежа во оваа индустриска зона.