Музејот на современа уметност во Скопје на 29 и 30 октомври ќе биде домаќин на предавањето и работилницата организирани од Simone Rowat и Stefanos Levidis од мултидисцинарната истражувачка агенција Forensic Architecture од Универзитетот во Лондон. Дводневниот настан во Скопје ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со неодамнешните реализирани проекти на оваа агенција, со што ќе ги осознаат истражувачките техники и предизвици на оваа група. Предавањето и работилницата се организираат од Музејот на современа уметност од Скопје во рамките на интердисциплинарната програма за креирање на критички модели на знаење „Радикално образование“. Настанот се организира во соработка со Британскиот совет.