Претходна статија
ОСВРТ: Изложбено сеќавање за она што останало од модернистичката архитектура во Косово
Следна статија
Куманово почна со гасификација и на станбените згради

Со кредит од ЕИБ ќе се менуваат водомерите во скопски Карпош

Објавено на 25.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Повеќе од 500 домаќинства на територијата на скопската општина Карпош ќе добијат нови безжични водомери како замена за постојните водомери. Реализацијата на проектот вреден 200.000 евра беше една од темите што се разговараа на денешната средба меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев. Во моментов се врши анализа на поднесената документација од општина Карпош за овој проект, додека неговата реализација се очекува да почне наскоро. Средствата за замена на водомерите се обезбедени преку кредитна линија од Европската инвестициска банка.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

На работната средба беа отворени можностите за поддршка и начин на финансирање и на други проекти од значење за жителите од Карпош. Општинските власти веќе ја добиле согласноста од ова министерство за изработка на нови ДУП-ови за населбите Трнодол и Жданец, а исто така се очекува и согласност за Деталниот урбанистички план за Касарната Илинден. Со давањето акцент на урбанизацијата на периферните делови на општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев очекува дека ќе се пренасочат градежните активности во другите делови на општината, а не во централното јадро.